Челзи е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот, а нова мета на „сините“ е Деклан Рајс од Вест Хем.
Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи е спремен да ги понуди Рос Баркли и Мичу Батчуаи за потписот на Деклан Рајс.
Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓
Рајс е „дете“ на Челзи, каде порасна заедно со Мејсон Маунт, а подоцна пријателството продолжи и во репрезентацијата на Англија.
Рајс е поливалентен фудбалер, може да игра како стопер, но и како дефанзивен играч за врска, па токму поради тоа е голема желба на Лампард.