Дома Трансфер зона Челзи носи две големи засилувања за да го задржи Конте

Челзи носи две големи засилувања за да го задржи Конте

Челзи ќе се обиде да реализира два големи трансфери во зимскиот преоден рок со кои ќе се обиде да го задржи Антонио Конте на „Стенфорд Бриџ“.

Италијанецот има договор со „сините“ на уште две сезони, но се погласни се шпекулациите дека на крајот на сезоната ќе го напушти „Стенфорд Бруџ“.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Конте е незадоволен од тоа како раководството го одработи летниот преоден рок, притоа чувствува носталгија кон Италија. Во последните денови се погласни се шпекулациите на Апенините дека веќе почнал преговори со Милан.

Сепак, Челзи ќе се обиде да го задржи Италијанецот во своите редови и е спремен да испрати понуди за двајца фудбалери кои Конте ги сака во својот тим.

Станува збор за левиот бек на Јувентус, Алекс Сандро и ѕвездата на Арсенал Алексис Санчез.

Чилеанецот нема договор со Арсенал и многу е веројатно дека ќе ја промени средината во јануари, но Јувентус тешко дека ќе го пушти Алекс Сандро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…