Челзи го објави трансферот на 19-годишниот дефанзивец Арон Анселмино, кој доаѓа од Бока Јуниорс за 15,6 милиони фунти.
Анселмино е централен дефанзивец, но може да игра и во средниот ред. Тој е во првиот тим на Бока во летото 2023 година, со 10 настапи и еден гол досега покажа дека е извонреден талент.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Челзи ја доби битката за неговиот потпис и Аргентинецот потпиша седумгодишен договор со „сините“.
Младиот Анселмино останува следната сезона во Бока Јуниорс како позајмен фудбалер, а потоа ќе се пресели на „Стенфорд Бриџ“.
Аргентинецот е деветтото засилување на Челзи ова лето, по Кирнан Девсбери Хол, Марк Гиу, Омари Келиман, Тосин Адарабијо, Ренато Веига, Калеб Вајли, Естевао Вилијан и Филип Јоргенсен.