Дома Топ вести Челзи купува уште еден играч на Лајпциг

Челзи купува уште еден играч на Лајпциг

Челзи ова лето направи вистински „бум“ на трансфер пазарот и потроши рекордна сума од 273,5 милиони фунти.

Меѓутоа, Челзи не ги реализира сите трансфери што посакуваше, па веќе почна да работи на нови засилување и веќе го договори трансферот на Нкунку од Лајпциг.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи преговара со уште еден играч на Лајпциг, а станува збор за дефанзивецот Јошко Гвардиол.

Во клубот веруваат дека Гвардиол ќе биде наследник на Тиаго Силва,а Лајпциг во летниот преоден рок одби понуда од 80 милиони фунти за него.

Гвардиол потпиша нов договор со германскиот бундеслигаш кој ќе има важност до јуни 2027 година, но Челзи не се откажува.

„Сините“ сакаат да го купат Гвардиол во јануари за 90 милиони евра и да го остават во Лајпциг до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…