Јувентус и Пауло Дибала најверојатно ќе се разделат на крајот на сезоната, тврдат италијанските медуми.
Двете страни иако веќе со месеци преговораат, се уште не постигнале договор за продолжувње на соработката.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Дибала оваа сезона е во втор план кај Пирло, па „бјанконерите“ се спремни да го продадат за да финансираат трансфер на нова ѕвезда во нападот.
Најсилен интерес за Аргентинецот покажуваат Челзи и Тотенхем, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Двата клуба се спремни да платат 50 милиони евра, сума која ќе ги задоволи апетитите на Јувентус, а самиот Дибала се согласува за трансфер во Премиер лигата.