Дома Трансфер зона Челзи и дефинитивно го „отпиша“ Обамејанг

Челзи и дефинитивно го „отпиша“ Обамејанг

Во Лондон се обидуваат на сите начини да се ослободат од Пјер Емерик Обамејанг.

Челзи сака напаѓачот од Габон да го испрати во МЛС лигата, објави експертот за трансфер пазарот Фабрицио Романо.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Клуб од Лос Анџелес е заинтередиран да го доведе Обамејанг на позајмица и да ја преземе неговата плата во целост. Тоа на Челзи му одговара затоа што би се ослободил од еден од бројните играчи кои се на нивниот платен список.

Се уште не е познато дали офанзивецот е спремен да ја прифати оваа промена. Во МЛС преодниот рок е се уште отворен и тоа е една од ретките дестинации каде што Габонецот може да направи трансфер во овој период од годината.

Обамејанг не се снајдер најдобро во Челзи, тој минатото лето пристигна на „Стенфорд Бриџ“ од Барселона за 12 милиони евра, одигра 18 натпревари и постигна само три гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…