Дома Топ вести Челзи и Барселона преговараат за Де Јонг

Челзи и Барселона преговараат за Де Јонг

Челзи сериозно се вклучи во трката за играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, пренесуваат англиските медиуми.

Барселона е во финансиски проблеми, па е спремна да го продаде 24-годишниот плејмејкер ова лето доколку пристигне понуда од 75 милиони евра.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Каталонците долго време преговараа со Манчестер Јунајтед и постигнаа договор, но Де Јонг одбива трансфер на „Олд Трафорд“.

Челзи се вклучи во трката и сака да го „укаре“ играчот пред носот на Јунајтед, па „сините“ веќе спремиле понуда од 75 милиони евра.

Англиските медиуми пренесуваат дека двата клуба се во напредни преговори, но трансферот зависи од самиот Де Јонг, кој преферира да остане на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…