Тимот на Челзи како што изгледа добива ново засилување до крајот на сезоната.
Според информациите на „Скај Спорт“, Челзи постигнал договор и се чека само официјална потврда за пристигнувањето на Тајлер Адамс од Лидс. За услугите на Адамс клубот од „Стенфорд Бриџ“ ќе плати суам од 20 милиони фунти.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Лидс во изминатата сезона испадна во Чемпионшип, па Челзи ја активираше клазулата и Американецот ќе биде нова опција за Маурисио Покетино. 24-годишниот фудбалер претходно во сезоната го носеше дресот на Лајпциг и Њујорк Ред Бул.
До крајот на преодниот рок Челзи би можел да се засили и со Ромео Лавија за кого исто така достави понуда.