Според медиумите во Англија Челзи денес во последниот ден од преодниот рок би можел да потроши 200 милиони евра.
Новиот сопственик на Челзи, Тод Боели троши како никој друг на трансфер пазарот. Денес е последен ден во преодниот рок и Челзи е во преговори со Бенфика за трансферот на Енцо Фернандез вреден околу 115 милиони фунти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тод Боели ќе тропне и на вратата на Брајтон каде што со понуда од 80 милиони фунти ќе се обиде да го ангажира Моисес Каиседо за кого е заинтересиран и Арсенал.
Сепак треба да се спомене дека Брајтон веќе одби понуда од 70 милиони фунти од „топџиите“.
Ако се реализираат ваквите најави тоа значи дека Челзи само денес ќе потроши 200 милиони фунти,.