Италијанските медиуми пренесуваат дека Челзи и Милан се во напредни преговори за трансфер на Хаким Зијех.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Зијех беше прва желба на „росонерите“ минатото лето, но Челзи не сакаше да го пушти на позајмица со право на откуп.




Меѓутоа, Тухел не смета на него и Зијех не добива голема минутажа, па ова лето сигурно ќе ја промени средината.




Италијанските медиуми информираат дека Челзи сега се согласил да го пушти Мароканецот на едногодишна позајмица и трансферот е пред реализација.




Милан за позајмицата ќе плати 5 милиони евра, а следното лето ќе може да го откупи неговиот договор за 20 милиони евра.