Лондонски Челзи го избра тренерот кој ќе го замени Антонио Конте на крајот на сезоната, откриваат англиските медиуми.
„Сините“ оваа сезона комплетно разочараа со лошите игри во Премиер лигата, но и во Лига на шампиони. Менаџерот Антонио Конте готово сигурно ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“ на крајот на сезоната, а раководството веќе му пронајде замена.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ако им се верува на англиските медиуми, на клупата на Челзи и следната сезона ќе седи Италијанец. Нов менаџер на „сините“ ќе биде актуелниот тренер на Наполи, Маурицио Сари.
Наводно, Челзи веќе има договор со тренерот, но сега треба да постигне договор со Наполи за предвремено раскинување на договорот. Наполитанците бараат 10 милиони евра, а Абрамович наводно е спремен да ја плати таа сума.
Сари ја импресионираше цела Европа не само со резултатите во Наполи, туку и што неговиот тим според многумина игра најдобар фудбал во Европа.
Поранешниот банкар одлично го говори англискиот јазик бидејќи во минатото работеше во Лондон како банкарски службеник.
Оваа вест сигурно е големо изненадување, бидејќи како фаворит за клупата на „Стенфорд Бриџ“ до сега важеше Луис Енрике.