Реномираниот „Тајмс“ пренесува дека Челзи ќе се обиде да дојде до потписот на Рафаел Леао во финишот од преодниот рок.
Леао одигра одличн сезона, но лошо влезе во новата во првите два натпревари. Актуелниот негов договор со Милан истекува 2024 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан нема намера да го продаде Леао, но многу работи ќе зависат од понудата која ќе ја испрати Челзи.
Во својот договор Леао има откупна клазула од 150 милиони евра, но невозможно е да се очекува дека Челзи ќе понуди таква сума. Очекувањата се „синита“ да испратат понуда блиска до 100 милиони евра.
Веќе во наредните денови се очекува да се започнат посериозни преговори.