Челзи оваа сезона не игра според очекувањата, па се погласни се шпекулациите за тренерска смена.
Медиумите на Островот тврдат дека се посериозно размислува да му врачи отказ на Лампард и веќе ја започнале селекцијата за нов тренер.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Во Челзи сакаат да донесат германски тренер за да може најдобро да ги искористи летните засилувања Тимо Вернер и Каи Хаверц, кои до сега не ги оправдаа очекувањата.
„Билд“ потврдува дека еден од главните кандидати е Јулијан Нагелсман, кој со успех го води тимот на Лајпциг.
Покрај Нагелсман, на листата на „сините“ се наоѓа и Томас Тухел, кој неодамна доби отказ од ПСЖ и во моментов е без ангажман.
Chelsea 'looking at experienced managers' as talk of sack looms over Frank Lampardhttps://t.co/qut55n1E4o #CFC
— Mirror Football (@MirrorFootball) January 20, 2021