Дома Фудбал Останато Чапекоенсе тврди: Многу клубови ветуваа, но само еден ни помогна!

Чапекоенсе тврди: Многу клубови ветуваа, но само еден ни помогна!

По големата трагедија која го снајде Чапекоенсе во која ги загуби речиси сите фудбалери и стручниот штаб, многумина им ветуваа помош, но ја добиле само од еден клуб.

Имено, претседателот на бразилскиот клуб, Плинио Давид дес Невес открива дека конкретна помош добиле само од Барселона и од никој друг.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Кога ја доживеавме големата трагедија, сите почнавме да се запрашуваме што ќе биде со клубот. Беше реално да се запрашуваме дали сето ова воопшто има смисла, но сфативме дека ќе го сочуваме подобро сеќавањето на нашите пријатели кои настрадаа ако клубот опстане“, изјави претседателот.

„Голем број клубови најавуваа дека ќе ни помогнат, но сега веќе полека излегуваме од фокусот на вниманието на јавноста. Од европските клубови, единствено Барселона ни помогна финансиски и на тоа им благодариме бескрајно. Меѓутоа, ние не бараме милостина и ќе се снајдеме и без тоа“.

„Ќе ги платиме сите трошоци што ги имаме со тоа што ќе играме на Жоан Гампер натпреварот и профитот од таа пријателска средба ќе биде поделен помеѓу двете екипи. Рома исто така сака да игра со нас, но имаме многу збиен распоред, треба да видиме дали ќе можеме да се сретнеме со нив“, заклучи претседателот на Чапекоенсе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …