Лионел Меси секогаш говореше дека поединечните награди за него значат многу малку, но ѕвездата на Барселона мора барем малку да е загрижен поради тоа што неговиот долгогодишен ривал, Ронало наскоро ќе го израмни по бројот на освоени Златни топки.
Меси имаше предност од четири спрема еден кога Златната топка беше во прашње во 2012. година. Португалскиот напаѓач, кој не ја криеше интензивната желба за освојување на поединечни награди во текот на својата кариера, а последниве неколку години тоа му успеа. Роналдо ја освои Златната топка во 2013., 2014. и 2016, додека Меси својата петта Златна топка ја освои во 2015. година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Но, Роналдо повторно сигурно ќе го израмни, каде што на крајот на годината ќе бидат 5-5 во Златните топки, откако оваа година Португалецот ја освои Ла Лига и Лигата на Шампионите со Реал. Обложувалниците го поставија Роналдо како фаворит, а коефициентот дека Роналдо ќе ја освои Златната топка за 2017. година е 1.03, додека за Меси 17. Слободно можеме да кажеме дека би било шок доколку Роналдо не ја освои оваа награда во декември.
Роналдо сака да биде запаметн како најголем играч на сите времиња и тој сон би можел да стане реалност доколку ја освои Златната топка повеќе пати од Меси пред да се пензионира од фудбалот. Меѓутоа, за чист фудбалски талент, постои аргумент кој сугерира дека нема природно надарен играч кој е подобар од Меси, кој фудбалот го игра на многу лесен начин.
Чави кој секогаш интелигентно говореше за фудбалот, сигурно верува дека постои еден аспект во играта на Роналдо кој е подобар од Меси.
„Роналдо е подобар во шутовите. Тој е неверојатен играч. Но, со Меси не може да се спореди било кој друг фудбалер. Меси е господар во колективните и индивидуалните сетила. Но за Роналдо, таквата поврзаност бара многу“, изјави легендата на Барса, Чави.