Дома Фудбал Чави: Срамно е било кого да споредувате со Меси

Чави: Срамно е било кого да споредувате со Меси

Поранешниот фудбалер од средината и капитен на Барселона, Чави Хернандез во интервјуто за „Ел Паис“ зборваше за ривалитетот на каталонскиот клуб и Реал Мадрид, како и споредбата на останатите фудбалери со Лионел Меси.

„Барселона е финален испит за фудбалерот. Тоа е клубот кој најмногу бара од вас. Во Реал нема таква атрактивност во ирата. Доколку на „Бернабеу“ дефанзивецот на шутне топката на трибините, тоа е во ред, таков е нивниост стил, а навивачите аплаудираат. Кога на „Ноу Камп“ ќе го направите тоа добивате негодувања, така е уште од времето на легенедарниот Јохан Кројф“.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


„Знаете ли што ми кажа во една ситуација Луис Арагонес, дали сакам да играм убав или добар фудбал. Не сакам да споменувам имиња, но во Ла Лига имаше многу фудбалери кои импресионираа, но потоа исчезнаа без трага. Има и фудбалери кои навистина знаат многу трикови, но зошто ви е тоа? Меси не ги прави никогаш. Меси оди на „убиство“. Тој игра фудбал така што тој истовремено станува и убав“.

„Тактични гледано, Меси разбира се. Срамно е било кого да споредувате со него. Меси е свесен за се, простор, време, каде се соиграчите, а каде противниците. Такво нешто забележав само уште кај Леброн Џејмс“, изјави Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Славјето во Неапол донесе и огромен хаос: 98 повредени, 10 грабежи, искршени автомобили…

Наполи синоќа го освои Скудетото и стана шампион на Италија, предизвикувајќи еуфорија на у…