Дома Фудбал Чави со емотивна порака се прости од Барселона

Чави со емотивна порака се прости од Барселона

Чави Ернандез се прости од Барселона откако клубот и официјално потврди дека нема  повеќе  да  го  води тимот.

Чави со емотивна порака на социјалните мрежи се обрати до навивачите и се прости од Барселона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Почитувани фанови, моето време на клупата на Барселона ќе заврши во недела. Никогаш не е лесно да го напуштите клубот кој е вашиот живот. Но, тоа ќе го направам многу гордо по две и пол години. Сакам да им се заблагодарам на сите, особено на навивачите кои секогаш беа на моја страна и кои секогаш ми ја покажуваа истата љубов како кога бев фудбалер.Од недела ќе бидам еден од навивачите на трибините, сега на овој стадион, а за неколку месеци и на новиот „Ноу Камп“. Затоа што јас сум прво и основно навивач на Барселона, а дури потоа играч или тренер. Јас сум навивач на Барселона кој го сака само најдоброто за клубот, кој секогаш ќе ме има на располагање. Му посакувам се најдобро на клубот што го чувам во моето срце. Да живее Барса“. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…