Дома Фудбал Чави прави чистка во зимскиот преоден рок

Чави прави чистка во зимскиот преоден рок

Барселона добро ја започна сезоната, особено во Примера, но неуспехот во Лигата на шампиони ќе го натера Чави на промени.

Барселона, минатото лето, потроши речиси 300 милиони евра, со цел повторно да атакува на трофејот во Лигата на шампиони, но како што стојат работите ќе биде елиминирана во групната фаза.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Чави Ернандез не е задоволен со сите фудбалери кои ги има во тимот, па планира во јануари да се ослободи од неколку играчи.

Тренерот веќе составил список до тројца фудбалери кои ќе бидат први што ќе го напуштат каталонскиот гигант, а станува збор за Жерар Пике, Жорди Алба и Френки Де Јонг поради високата плата.

Барселона сака да го продаде Холанѓанецот за да има доволно средства да ги задоволи барањата на Чави за нови засилувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ќе има нова дебата: Арсенал можеби беше оштетен за чист пенал! (Видео)

Во Премиер лигата повторно избувна полемика околу судењето, тема што често ја бранува англ…