Болниот пораз на Барселона доаѓа во непријатен момент откако претходно Чави Ернандез реши дека ќе остане во каталонскиот гигант, па новинарите ги интересираше дали неуспехот ќе му го промени планот.
„Поразот против Џирона не го менува планот, ќе останам во Барселона и следната сезона“, кажа Чави.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Чави требаше да замине од Барселона на крајот на сезоната, но по разговорите со претседателот Лапорта се премисли и реши да остане во тимот.