28-годишниот холандски дефанзивец Мемфис Депај е незадоволен во Барселона, а и каталонскиот клуб не е воодушевен со неговите настапи и извесно е дека следниот преоден рок ќе дојде до разделба.
Француските медиуми пренесуваат дека агентите на Депај веќе разговарале со Лион, клуб од каде што фудбалерот пристигна во Каталонија како слободен играч. Наводно постои желба и од двете страни Депај на крајот од сезоната се врати во францускиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Чави не го смета за важен играч и не би имал проблем да остане без него“, пишува каталонскиот „Спорт“ и наведува дека трансферите на Феран Торес, Пјер-Емерик Обамејанг и Адама Траоре го ставиле Холанѓанецот во втор план.
За Барселона Депај постигна осум голови на 23 натпревари.