Дома Топ вести Чави: Нејмар го сакам како пријател, но како играч не ни е потребен

Чави: Нејмар го сакам како пријател, но како играч не ни е потребен

Откако Барселона остана без шанси да го врати Меси кој го избра Интер Мајами во јавноста се појавија гласини дека Нејмар би можел повторно да заигра за Барселона.

Дел од шпанските медиуми пренесуваа дека Нејмар се понудил на Барселона и прифатил намалување на платата за да се врати во Барселона.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, набрзо стигна изјава од Чави кој сакаше веднаш да стави крај на таквите гласини. Шпанскиот стратег порача дека Нејмар не му е потребен.

„Ме изненадија гласините за Нејмар, тој не е во нашите планови. Нејмар го сакам како пријател, но кога е тимот во прашање имаме други планови“, изјави Чави.

Трансферот на Нејмар од Барселона во Пари Сен Жермен за сума од 222 милиони евра се уште е рекорд во фудбалскиот свет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Нејмар по тешкиот пораз: Никогаш не сум доживеал нешто слично. Срам ми е.

Вчера вечер, тимот на Сантос доживеа вистински дебакл во натпреварот против Васко да Гама …