Maнчестер Сити вчера го потврди трансферот на Ерлинг Халанд кој ќе се приклучи на тимот после завршувањето на сезоната.
Борусија Дортмунд од трансферот на Норвежанецот ќе добие околу 75 милиони евра колку што изнесуваше клазулата на напаѓачот. Халанд во Сити ќе потпише договор на пет години, а според најавите ќе биде и најплатениот фудбалер во англиското првенство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред да премине во Манчестер Сити Халанд се поврзуваше и со Барселона меѓутоа потоа се одлучи за клубот каде што во минатото настапуваше неговиот татко. Тренерот на Барселона, Чави Ернандез го коментираше овој трансфер и призна дека Барселона немала пари за да го доведе Халанд.
„Сите знаат дека Барселона е во фаза на опоравување од тешка финансиска криза. Од финансиски причини не можевме да го доведеме Халанд. Во иднина му посакувам се најдобро“, истакна Чави.