Дома Фудбал Чави за Халанд: Не постои играч кој ја одбил Барселона

Чави за Халанд: Не постои играч кој ја одбил Барселона

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес увери дека ниту еден фудбалер на одбил да дојде во клубот, откако тој го презеде кормилото на тимот.

На овој начин Чави одговори на прашањето како може да го убеди Ерлинг Халанд да дојде на „Камп Ноу“ на лето.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Шпанските медиуми тврдат дека Чави имал средба со голгетерот на Борусија Дортмунд, но тренерот одби да го потврди тоа.

„Средба со Халанд? Секогаш е добар момент да потпишеш за Барса, ова е најдобриот клиб во светот. Откако сум тука, ниту еден фудбалер не и кажал „не“ на Барса. Ве уверувам во тоа. Кога сакаме да потпишеме со некој играч и можеме да зборуваме со него, го користиме тој модел. Градот е исто така прекрасен, секој би сакал да игра тука“, изјави Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Линдзи Вон се врати во САД на лекување: Сè уште не можам да стојам

Американската скијачка Линдзи Вон денес се врати дома во Соединетите Американски Држави, п…