Дома Фудбал Чави задоволен по ремито со Севиља: Ваква Барселона сакаат луѓето да гледаат

Чави задоволен по ремито со Севиља: Ваква Барселона сакаат луѓето да гледаат

Барселона вчера одигра нерешено против Севиља во Андалузија во одложениот натпревар од четвртото коло во Ла Лига, а тренерот Чави Ернандез беше задоволен од прикажаното на својот тим.

Каталонците на тешкото гостување одиграа 1:1 и имаа прилика да го освојат и целиот плен со оглед на тоа дека во последниот половина час играа со играч повеќе после исклучувањето на Кунде.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„Тешко ми е кога нема да победиме. Денес мислам дека требаше да победиме, задоволен сум од она што го видов на теренот. Мислам дека ова е Барселона која луѓето сакаат да ја гледаат. Имавме навистина добри моменти. Тимот одигра одлично и на добар пат сме. Севиља е навистина квалитетен и искусен тим“, изјави Чави.

Сезонава Севиља е на втората позиција на табелата со 38 бодови, додека Реал Мадрид има пет повеќе на врвот на табелата. Од друга страна Барселона собра 28 бодови и се наоѓа на седмата позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го дочекува Билбао на Ноу Камп, капацитет 45.401 место

Барселона соопшти дека натпреварот од 13. коло на шпанската Ла Лига против Атлетик Билбао …