Фудбалерите на Барселона успеаа да врзат две лигашки победи и со ремито на Реал и Атлетико до некаде се вратија во трката за титулата, а денеска за нив пристигнаа нови добри вести.
Капитенот Марк Андре Тер-Штеген е спремен и се очекува да го започне натпреварот наредниот викенд против Гранада. Германецот поради повреда на грбот одлучи да оди на операција и поради тоа беше надвор од тимо цели три месеци, а неговото враќање пристигнува во вистински момент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Резервниот голман Ињаки Пења не ги исполни очекувањата, посебно во месец јануари и прими рекордни 19 голови што не се случило никогаш претходно во историјата на Барселона.
Освен Тер Штеген оваа недела во тимот се враќа и Рафиња кој исто така беше во аут неколку недели, што е добра вест по повредите на Феликс и Феран Торес. Барселона на 21-февруари гостува на Наполи во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите, па секако Тер Штеген и Рафиња се одлични засилувања за Чави.
Сега надвор од тимот се Гави и Балде за кои сезоната заврши, Торес сигурно го пропушта гостувањето во Наполи, додека Феликс ќе биде во трка со времето да се подготви за 15 дена.