Дома Фудбал Чави: Добив толку пораки, како да ми починал некој близок

Чави: Добив толку пораки, како да ми починал некој близок

Тренерот на Барселона, Чави изјави дека има голема поддршка од приврзаниците и фановите после поразот во „Ел Класико“.

Барселона влезе во серија на лоши резултати, па после неуспехот во ЛШ, беше поразена од Реал Мадрид со 3:1.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


„Луѓето ме покрепуваат насекаде, дури кога се шетам по улица. На телефон добив толку многу пораки, како да ми починал некој од семејството“, изјави Чави.

„Јас секогаш сум оптимист и ќе продолжам да бидам. Се разбира, ако не освојувам трофеи мојот престој тука ќе заврши порано од предвиденото. Ова е Барселона и се сметаат само победите. Мојата цел е да освојувам трофеи со овој клуб“, додаде Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ објави снимка од теретана: Сила на природата (Видео)

Златан Ибрахимовиќ се пензионираше по сезоната 2022/23 по блескава кариера во која освои 3…