Дома Фудбал Чави во големи проблеми: Седум првотимци на Барселона повредени за „Ел Класико“?

Чави во големи проблеми: Седум првотимци на Барселона повредени за „Ел Класико“?

Tренерот на Барселона, Чави Ернандез се соочува со проблеми со составот на Барселона пред големото дерби против Реал Мадрид.

Последен во низата повредени фудбалери кај Барселона е Балде кој поради болка во мускулот ја напушти шпанската репрезентацијата. Според најавите Балде го очекува пауза од 20-тина дена.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Од претходно на листата повредени се: Педри, Кунде, Левандовски, Јамал, Рафиња и Де Јонг. Овие повреди доаѓаат во незгоден момент бидејќи Барселона ја чека тежок распоред.

По репрезентативната пауза, каталонците ќе се соочат со Атлетик Билбао, а потоа на 28. октомври им следи „Ел Класико“ против Реал Мадрид.

По девет одиграни кола во Ла Лига, Барселона се наоѓа на третото место со 21 освоен бод, три помалку од Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mислев дека ќе ме избркаат од Реал кога го повредив Зидан

Федерико Валверде зборуваше за неговиот фудбалски пат, доаѓањето во Реал Мадрид, прекарот …