Дома Фудбал Лига на шампиони Чави: Викнете го судијата да ви каже зошто немаше пенал

Чави: Викнете го судијата да ви каже зошто немаше пенал

Вчера се одигра уште едно коло во Лигата на шампионите, а Интер на домашен терен ја совлада Барселона 1:0.

Гледавме еден добар, интезивен натпревар во кој двете екипи имаа свои шанси. До победата Интер стигна со голот на Хакан Чалханоглу. Барселона имаше шанси кои не ги искористи, а ВАР им поништи и еден гол.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Покрај поништениот гол во Барселона жестоко реагираа на одлуката да не биде донесен пенал во финишот од мечаот. И тогаш се чекаше проверката на ВАР, но судијата не доби повик, па најстрога казна немаше.

Стратегот на Барселона Чави Ернандез беше бесен во таа ситуација и во еден момент дури и непримерно гестикулираше кон судиите. Чави направи гестикулација со која сакаше да им каже на судиите – „платени сте“.

На прес-конференцијата новинарите го запрашаа стратегот на Барселона за недосудениот пенал.

„Викнете го судијата и тој нека ви објасни зошто донесе таква одлука“, изјави Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…