Вчера Чави беше официјално претставен во Барселона, а денес го одработи и првиот тренинг со фудбалерите кои немаат обврски кон своите репрезентации.
Веќе медиумите пишуваа и за правилата кои ги вовел со неговото доаѓање, а според информациите легендарниот фудбалер на Барселона ќе направи и кадровски промени. Најавите се дека Чави во јануари ќе се обиде да го засили тимот на крилните позиции. Поради финансиската ситуација за Барселона да доведе засилувања прво мора да продава.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот „Ел Чирингуито“ објави дека Чави не планира на шестмина фудбалери. Шпанската телевизија пренесува дека тој го известил Лапорта дека не смета на Умтити, Ленгле, Нето, Кутињо, Лук Де Јонг и Брајтвајт. Овие фудбалери ќе имаат дозвола уште во јануари да ја променат средината.