Барселона му врачи отказ на тренерот Роналд Куман и ја започна потрагата по нов кормилар.
Каталонските медиуми пренесуваат дека наскоро на тренерското столче на Камп Ноу ќе седне легендата Чави Ернандес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот капитен на клубот наводно веќе разговарал со Лапорта и се согласил да се врати во клубот и да започне реконструкција на тимот.
Чави веќе му го претставил на Лапорта својот план и му порачал дека клубот ќе мора во јануари да донесе неколку засилувања.
Медиумите откриваат дека главни трансфер мети на Чави ќе бидат Рахим Стерлинг од Манчестер Сити и дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде. Исто така порачал што поскоро да биде обновен договорот на Осман Дембеле.
Познато е дека Барсеона е во голема финансиска криза, па прашање е дали клубот ќе може да му ги исполни желбите на Чави.
🚨 Xavi has already identified his transfer targets at Barcelona for January:
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 29, 2021
• Raheem Sterling
• Jules Koundé
He also wants the board to secure the contract extension of Ousmane Dembélé.
(Source: @RAC1) pic.twitter.com/NHU9CjNbgo