Дома Фудбал Чави: Верувам дека времето на Меси во Барселона не е завршено

Чави: Верувам дека времето на Меси во Барселона не е завршено

Лионел Меси минатото лето ја напушти Барселона на начин на кој не посакуваа ниту тој, ниту клубот, а најмалку навивачите. Меѓутоа се погласно се зборува за негово можно враќање во Барселона откако ќе му истече договорот со ПСЖ.

На оваа тема зборуваше и претседателот Лапорта, а сега се огласи и Чави. Договорот на Меси истекува на крајот на сезоната која следи и тогаш би можел ако се подобри финансиската ситуација во Барселона до тоа ниво да се врати.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


„Не сакам да верувам дека времето на Меси во Барселона заврши. Тој заслужува да се врати и јас го посакувам тоа. Ако некој ме праша дали сум за негово враќање без размислување ќе одговорам „да““, јасно потенцираше Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Исак е платен 150 милиони евра, а вчера направи нешто што никогаш претходно не го напраавил! (Видео)

Александар Исак беше приморан да направи нешто што никогаш претходно не му се случило, по …