Дома Фудбал Чави: Ако не можеш да го победиш Интер, не заслужуваш да одиш понатаму

Чави: Ако не можеш да го победиш Интер, не заслужуваш да одиш понатаму

Барселона синоќа се спаси од пораз од Интер на „Камп Ноу“, но е пред елиминација од Лигата на шампиони.

Тренерот на Каталонците, Чави е свесен дека неговиот тим одигра под очекувањата и дека направи многу грешки, особено во одбраната.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


„Кога не можете да го победите Интер дома, не заслужувате да одите во нок-аут фаза. Направивме многу грешки, не се браневме добро. Интензитетот беше одличен во првиот дел, но не го задржавме во продолжението од мечот“, изјави Чави.

„Лигата на шампиони е сурова со нас. Од Минхен, Милано па вечерва, заслуживме повеќе. Одигравме одлично во првото полувреме, на пауза заминавме задоволни, но во второто полувреме му дозволивме многу шанси на противникот, направивме сериозни грешки во одбрана и тие скапо се плаќаат во Лигата на шампиони. Не е само напад, треба да се игра и одбрана“, додаде тренерот на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дејан Блажевски се врати по две години и покажа класа: Двапати стрелаше, а еден беше еврогол! (Видео)

Поранешниот фудбалер на Вардар, Дејан Блажевски повторно блесна на зелениот терен во дресо…