Дома Топ вести “Црната“ листа на Аргентинецот: Еве кои играчи Меси не ги сака во Барса!

“Црната“ листа на Аргентинецот: Еве кои играчи Меси не ги сака во Барса!

Навивачите на Барселона со нетрпение очекуваат Лионел Меси да го продолжи договорот со каталонскиот клуб, бидејќи преговорите траат веќе неколку месеци.

Меси целата своја досегашна кариера ја помина во Барселона и многумина се сигурни дека тој многу брзо ќе ја продолжи соработката. Договорот на Меси истекува на крајот на наредната сезона, но пред да стави потпис на нов договор аргентинскиот фудбалер има неколку услови до управата на каталонскиот гигант.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Како што наведуваат шпанските медиуми Меси сака овој клуб во текот на летото дополнително да се засили за повторно да се борат за титулите на сите фронтови.

На “црната“ листа на Меси наводно се наоѓаат петмина фудбалери, според каталонскиот „Спорт“ тоа се: Андре Гомеш, Арда Туран, Жереми Матје, Лукас Диње и Мунир кој во овој момент настапува за Валенсија како позајмен фудбалер.

Од продажбата на овие играчи Меси верува дека Барселона може да заработи доволно за да доведе барем две звучни засилувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Мурињо доби 102 милиони евра од раскинување на договори: Бенфика се заштити со клаузула

Откриени се деталите од двегодишниот договор што Жозе Мурињо го потпиша со Бенфика, а во ј…