Дома Фудбал Англија „Црвените“ се простија: Аут за момците на Клоп (Видео)

„Црвените“ се простија: Аут за момците на Клоп (Видео)

Ливерпул вечерва во рамки на Лига Купот е поразен на „Кинг Пауер“.

Ливерпул гостуваше кај Лестер, Јирген Клоп ги мешаше картите, а тоа на крајот му се освети.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Некогашниот шампион на Англија славеше со 2:0 и мина натаму, додека „Црвените“ сега можат да се фокусираат на домашното првенство и Лигата на шампионите. Оказаки и Слимани беа стрелци за радост на „Лисиците“.

Бристол Сити го елиминираше Стоук по победа од 2:0, додека Вест Хем на Славен Билиќ го декласираше Болтон. Натаму мина и Норвич, додека Кристал Палас беше подобар од Хадершфилд со 1:0. Во останатите дуели Астон Вила славеше против Миделзброу со 2:0, додека Тотенхем имаше проблем против Барнсли со 1:0.

На дуелите помеѓу Барнли и Лидс, Борнмаут и Биргтон и Волвс и Бристол Роверс се играат продолженија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…