Дома Фудбал Останато Црвениот картон против Рен скапо ќе го чини Мбапе

Црвениот картон против Рен скапо ќе го чини Мбапе

Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе денеска ја дозна казната за црвениот картон кој го доби во натпреварот против Рен во финалето од Купот на Франција.

Нервозниот Мбапе во финишот од второто продолжение жестоко стартуваше над противникот, а судијата во истиот момент и без размислување му го покажа патот кон соблекуваланта. Денеска Фудбалскиот сојуз на Франција го казни за овој картон. Мбапе е суспендиран на следните три натпревари и нема да го гледаме во дресот на ПСЖ во следните три дуели.


Време е за фудбалска класика: Шпанија - Италија! ↓↓↓


Право на настап 20-годишниот напаѓач ќе има дури во последното коло од Лига 1 оваа сезона и така овој потег скапо ќе го чини во борбата за Златната копачка која ја води со Лионел Меси. Мбапе зад себе има одлична сезона. Одигра вкупно 41 натпревар во сите натпреварувања и има учинок од 36 гола и 17 асистенции.

30 од 36 гола ги постигна во француското првенство. До крајот имаше шанса да дојде до Златната копачка, но тоа по оваа казна веќе не е возможно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Италија си даде автогол, Шпанија во осминафинале🎥

Шпанија го доби дербито против Италија со 1:0 и тоа со автогол и го обезбеди првото место …