Жоао Феликс нема по добро да го памети дебито во Премиер лигата бидејќи вчера против Фулам заработи црвен картон.
Англиските статистичари пресметаа колку црвениот картон против Фулам ќе го чини Челзи. Имено, ова исклучување на Феликс Челзи ќе го чини 2.360.000 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ако се прашувате како еве го и објаснувањето. Челзи за шестмесечната позајмица на Феликс плати 11 милиони евра, но и ќе ја покрие неговата плата која во тој период, тоа се дополнителни 6.7 милиони евра.
Во моментот кога Феликс потпиша за Челзи можеше да одигра најмногу 21 натпревар до крајот на сезоната и кога ќе се подели вкупни трошок Челзи го плаќа Португалецот 800.000 евра по натпревар.
Бидејќи сега ќе пропушти три натпревари затоа што црвениот картон беше директен значи дека Португалецот ќе ги чини „сините“ нешто под 2.4 милиони евра.