Дома Фудбал Лига на шампиони Црвена Звезда се соочува со нова казна: УЕФА покрена истрага!

Црвена Звезда се соочува со нова казна: УЕФА покрена истрага!

Фудбалскиот клуб Црвена Звезда, кој неодамна постигна историски успех со пласманот во Лига на шампиони, се соочува со нова казна од страна на УЕФА.

Имено, Дисциплинската комисија на Европската фудбалска федерација започна истрага против српскиот клуб поради влегувањето на терен на навивачите на гостувањето во Салцбург во реваншот од плејофот за Лигата на шампионите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


УЕФА ден по натпреварот на 29 август, ја уважи жалбата на српскиот шампион да им ја намали казната со цел натпреварите во ЛШ да ги игра пред полни трибини на свој терен.

Претходно, Црвена Звезда беше санкционирана поради фрлање тврди предмети од страна на нејзините навивачи и користење пиротехнички средства.

Се очекува Дисциплинското тело на УЕФА в петокот да ја донесе конечната одлука за евентуална нова казна на белградските „црвено-бели“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нов проблем за Анчелоти: Се повреди и Винисиус, познато колку ќе паузира

Реал Мадрид не е толку далеку од Барселона на врвот во Ла Лига и „кралевите“ имаат четири …