Дома Трансфер зона Црвена Звезда пред огромна заработка – може да продаде играч за 11 милиони евра!

Црвена Звезда пред огромна заработка – може да продаде играч за 11 милиони евра!

Според информациите на медиумите, Црвена Звезда може сериозно да профитира од трансферот на Осман Букари.

Букари е репрезентативец на Гана и игра на десната крилна позиција, а за него се појавил тим кој е спремен да плати 11 милиони евра. Засега името на клубот не се открива.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


 Ако ваквите најави се реализираат, тоа би бил втор најскап трансфер во историјата на Звезда. Поскап е само оној на Немања Радовиќ во Олимпик Марсеј од 12 милиони евра.

Во редовите на српскиот гигант Букари пристигна од Гент минатото лето за три милиони евра и според „Трансфермаркт“ сега вреди 6.5 милиони. Информациите се дека понудата е испратена и се чека само одлуката на луѓето во Звезда.

Букари кариерата ја започна од локалниот Акра Лајонс, додека во Европа настапуваше за младиот тим на Андерлехт. Не успеа да се наметне во белгискиот гигант, па следуваа епизоди во Тренчин и Гент, а беше на позајмица и во Нант од Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја „краде“ големата желба на Гвардиола

Манчестер Сити и Ливерпул се силно заинтересирани за ѕвездата на Торино и италијански репр…