Moжеби сте го заборавиле, но францускиот интернационалец Флорент Малуда и понатаму се занимава со активно играње фудбал.
Најблескавите моменти од својата кариера Малуда ги помина во дресот на Челзи со кој во 2012 стигна до трофеј во Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Малуда покрај титулата шампион на стариот континент со клубот од Лондон освои и една титула во Премиер лигата, три трофеи во ФА Купот, како и две титули во англискиот Супер куп.
Поранешниот репрезентативец на Франција покрај Челзи во богатата кариера настапуваше за Шатреух, Гуингамп, Лион, Трабзонспор, Мец, Динамо Делхи, Вади Дигл, Диафранге, а во неговиот последен клуб Цирих доживеа навистина чудна работа.
Имено, Малуда за раскинувањето на договорот со швајцарскиот клуб дознал преку социјалната мрежа Твитер.
Малуда реплицираше на објавата на швајцарскиот клуб со зборовите:
„Навистина сме раскинале? Не сум знаел…?!
Изгледа дека никој од клубот не го известил за оваа одлука, па така 38 годишниот фудбалер ќе мора да побара нова средина доколку продолжи со активното играње фудбал.