Дома Фудбал Останато Циркус каков што може да има само на Балканот: Тренер дојде на промоција во српски прволигаш и си замина!

Циркус каков што може да има само на Балканот: Тренер дојде на промоција во српски прволигаш и си замина!

Ситуација каква што веројатно може да се случи само на Балканот беше видена во Србија.

Имено, босанскиот тренер, Феѓа Дудиќ кој во минатото ги водеше Вележ и Сараево требаше да биде нов тренер на Нови Пазар од Србија и да помогне во обидот овој клуб да излезе во Европа.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Се одело добро додека додека Дудиќ не пристигнал во клубот на промоција, деталите биде договорени и тој пристигнал на промоцијата, а тогаш одлучил да пркине се и да не седнува на клупата на Нови Пазар.

При неговото доаѓање хулигани на клубот го нападнале капитенот и голманот Филип Кљајиќ, тоа доведе до заминување на првиот човек на клубот Расим Љаиќ, па по него и Дудиќ се откажал без да биде промовиран.

Дудиќ за медиумите објасни зошто си заминал.

„Кон Нови Пазар тргнав со желба и ентузијазам да избориме Европа, а ако не успееме веќе следното лето да направиме тим по наша желба и да се обидеме да дојдеме до поставените цели. Но, само што дојдов затекнав проблем со нападот на капитенот на тимот. Тогаш тој одлучи дека тоа ќе му биде последен ден во клубот, иако разговарав, не го убедив да ја промени одлуката.

„Таквата ситуација донесе страв кај фудбалерите дека и нив утре може да им се случи истото, во соблекувалната дочекав една тишина. Потоа отстапи и првиот човек Расим Љаиќ кој ме убеди да дојдам тука и во една таква тензична атмосфера не може да се направи ништо добро. Затоа одлучив воопшто да не започнувам“, објасни Дудиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Французите разочарани: Мбапе донел важна одлука

Килијан Мбапе според последните информации донел одлука да ја стави репрезентацијата на Фр…