Челниците на двата гиганти ПСЖ и Реал Мадрид одржале традицонален ручек пред вечерашната пресметка во Лигата на шампионите, но вечерата се претворила во скандал и тоа поради Килијан Мбапе.
Ручекот требало да се одржи вчера, но бил одложен за денес попладне. Истиот се одржал во елитен ресторан во Париз на барање на првиот човек на „кралевите“. На маса седнале Флорентино Перез, Насер Ал Келаифи, Леонардо, Анхел Санчез и Емилио Бутрагењо.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Се било во мирна и релаксирана атмосфера додека не започнала темата за иднината на Мбапе, тука настанала жестока расправија. Иницијатор на кавгата како што се наведува во француските медиуми бил Леонардо кој го обвинил Перез дека го притискаат Мбапе иако немале право за такво нешто.
Перез се обидувал да ја смири ситуација и ги негирал обвинувањата. Покрај нив двајца со по некое дофрлување учествувале и останатите. Инаку, работата на Мбапе во ПСЖ не е сигурна и тој би можел да си замина на крајот од сезоната.