Македонскиот шампион доби зелено светло и натпреварот против Копенхаген ќе го одигра на Арената „Филип Втори“, а управата на црвено – црните ги објави и цените на билетите за овој натпревар.
Во вторник на 25 јули во Скопје ќе гостува Копенхаген, додека реваншот се игра на 2-ри август на „Телиа Паркен“, исто со почетокот од 20 часот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Цените на билетите за овој натпревар се пониски за разлика од натпреварот против Малме кој се играше во Струмица. Фановите кои ќе сакаат дуелот да го следат од јужната трибина ќе треба да платат 300 денари, додека картите за на запад изнесуваат 200 денари. Додека северната и источната трибина ќе бидат затворени поради подготвки за Супекупот.
Клубот дополнително ќе одлучи кога истите ќе бидат пуштени во продажба