Дома Фудбал Останато Цената на акциите паѓа – Јувентус и Дортмунд најпогодени

Цената на акциите паѓа – Јувентус и Дортмунд најпогодени

Фудбалските клубови претрпуваат големи загуби поради прекинот на првенствата поради пандемијата со коронавурисот.

Не само што трпат директни финансиски загуби поради ТВ права и влезници, туку паѓа и вредноста на клубовите генерално.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, европските клубови кои ги пласираа своите акции на меѓународната берза доживуваат проблеми поради кризата.

Акциите на Јувентус паднаа за 21,16% во март. Сепак, одлуката на клубот да ги намали платите на играчите делумно го компензира негативниот ефект, објавува „Марка“.

Исто така, погоден е и Манчестер Јунајтед – нивните акции паднаа за 11,06% во текот на месецот. Во Бундеслигата, Борусија Дортмунд имаше најголеми проблеми – нивната цена на акциите падна за 36,76 %. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мореска може да добие големо засилување пред мечот со Астон Вила

Лајам Делап, играч на Челзи, повторно се приклучи на тренинзите со првиот тим, што значи д…