За само осум дена Македонија и Грузија во Тблиси ќе го играат историскиот бараж за пласман на Европското првенство.
И за нас и за Грузијците остана само уште тој еден чекор. На осум дена пред овој натпревар медиумите во Гризија зборуваше голманот на овој тим Гиорги Лориа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Цела Грузија е во еуфорија и го чека овој натпревар, сите веруваат дека можеме да победиме. Ова не е обичен меч во кој ќе победи подобриот, ова е финале и за него треба посебна подготвка. Не чека тежок натпревар на нерви, дуел во кој секој резултат е можен, може да има и пенали…Многу фактори ќе решаваат. На крајот најважно е да се дојде до целта, на кој начин ќе биде тоа не е важно“.
Македонија и Гурзија неодамна во рамки од новата сезона во Лигата на Нации одиграа два натпревари, еден во Тблиси и еден во Скопје, двата завршија без победник.
„Во претходните два натпревари покажавме дека имаме потенцијал да ја победиме Македонија. Во Скопје заслуживме три бода и да не беше тој пенал во последните моменти ќе победевме. Верувам дека ако дадеме се од себе можеме да ја победиме Македонија“, изјави Лориа.
Селекторот на Грузија, Владимир Вајс денес го објави списокот за овој натпревар (тука). Ангеловски се очекува тоа да го направви во петок.