Манчестер Сити го победи Тотенхем во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите со 4:3, но тоа не беше доволно овој клуб да се пласира во полуфиналето.
Во судиското продолжение „граѓаните“ постигнаа гол кој ќе ги одведеше во полуфиналето, меѓутоа судијата Чакир после консултација со ВАР го поништи погодокот поради офсајд ситуацијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој гол на Стерлинг донесе ерупција од воодушевување на „Итихад“. Секако бурно славеше и Пеп Гвардиола покрај аут линијата.
Сепак, после една минута Чакир доби повик и го поништи голот. Таа негова одлука го фрли во очај Гвардиола…
Еден навивач ја снимаше реакцијата на Гвардиола од почетокот до крајот, од радоста до очајот…
This. Is. Fucking. Brutal. pic.twitter.com/s5w88uVvS3
— Jax (@jaxLFC88) April 18, 2019