Во денешниот натпревар од првата македонска фудбалска лига Вардар запиша победа против Академија Пандев со 2:0.
Првото полувреме не донесе премногу шанси, скоро и да немаше 100% шанса на двете страни. Двата гола Вардар ги постигна во вториот дел.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Преку Цветановски црвено-црните дојдоа до предност во 53. минута. Потоа Попзлатанов пропушти една огромна на прилика откако пресече топка на средината на теренот. Тој излезе еден на еден со голманот Алчевски, меѓутоа не одигра баш најдобро и не реализираше.
Претходно „пандевци“ промашија и пенал, а во финишот од мечот останаа и со играч помалку. На шест минути пред крајот Петковски со глава ги постави конечните 2:0.