Вчера на трката во Монца Луис Хамилтон и Макс Верстапен имаа жесток судир, а далеку полошо можеше да помине Хамилтон.
Системот „хало“ можеби во оваа ситуација го спаси и животот на Британецот кој имаше многу среќа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За оваа ситуација Хамилтон се огласи на социјалните мрежи.
„Во овие денови добивам потсетник колку сум среќен. Само милисекунда е потребна да дојдете во страшна ситуација. Некој ме гледаше од горе! Благодарен сум за вашата поддршка, вие сте најдобри“, порача Хамилтон.
Во објавата Хамилтон ја објави и сликата на која се гледа како задното тркало на болидот на Ред Бул е над неговата глава. Таа слика најдобро покажува во каква опасност се наоѓаше.
Max Verstappen has been handed a three-place grid penalty for the next Formula 1 race after his crash with Lewis Hamilton at the #ItalianGP.
— Fortune Bets Nigeria (@fortunebets9ja) September 12, 2021
pic.twitter.com/UnK2EaKJZw