Дома Фудбал Англија Хуманитарен натпревар: Арсенал и Челзи ќе играат за семејствата од жртвите во лондонскиот пожар

Хуманитарен натпревар: Арсенал и Челзи ќе играат за семејствата од жртвите во лондонскиот пожар

Приходот од претстојниот натпревар од Комјунити шилд, во кој ќе играат фудбалерите на Арсенал и Челзи, ќе им биде даден на семејствата од жртвите од пожарот во зградата во Лондон.

Шампионот на Премиер лигата и победникот од ФА купот ќе играат за трофејот Комјунити шилд на 6 август на Вембли, а фудбалерите од двата клуба одлучија тој натпревар да биде и хуманитарен.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Арсенал и Челзи заедно со „Мекдоналдс“ се надеваат дека ќе соберат 1,25 милиони фунти за сите оние кои го загубија домот во пожарот во Лондон.

Семејствата на жртвите и преживеани станари од зградата се повикани на натпреварот, како и персоналот од итните служби кои им помогнаа.

Во пожар во лондонскиот солитер Гренфил, кој целосно изгоре, загинаа 79 луѓе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мијатовиќ: Реал Мадрид мора веднаш да реагира. Винициус не смее да ве контролира

ЛЕГЕНДАТА на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ, изјави остри зборови кон раководството на клу…