Дома Фудбал Останато Хуманиот потег на Лукаку ја воодушеви Италија!

Хуманиот потег на Лукаку ја воодушеви Италија!

Ѕвездата на Интер, Ромелу Лукаку со својот хуман потег ја воодушеви Италија.

Белгискиот напаѓач објави дека финансиски ќе помогне за болница во Милано, притоа повика да се почитување на препораките во борбата со коронавирусот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лукаку донираше 100.000 евра за болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, притоа отвори фонд за донации и ги повика другите фудбалери да го следат неговиот потег.

„Во овие тешки времиња треба сите да бидеме обединети, да останеме дома. Италија е неверојатна земја која стори многу убави работи за мене и моето семејство, токму затоа сакам да и помогнам на оваа земја со тоа што ќе донирам 100,000 евра за болницата „Сан Рафаеле“.

„Би било одлично доколку вие би можеле да помогнете со поддршка до луѓето и болниците, да останеме обединети и силни сите заедно“, порача Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп разочаран им се извини и на навивачите

Ливерпул вчера неочекувано беше поразен во градското дерби против Евертон со 2:0 и така др…