Искусниот колумбиски фудбалер Хуан Куадрадо (36) оваа сезона ќе го носи дресот на Аталанта.
Колумбиецот ги поминал лекарските прегледи во Бергамо и како слободен играч ќе стави потпис на договор со Аталанта.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Квардаро може да биде одличнои решение за тренерот Џанпјеро Гасперини, како десно крило, во тројната бековска формација што ја наметна италијанскиот стратег. Негови конкуренти за позицијата ќе бидат Беланова и Запакоста.
Како играч на Интер, Куадрадо заработи повреда на Ахиловата тетива, поради која беше опериран во декември, па беше надвор од терените до април. Неговиот договор со шампионот на Италија истече на 30 јуни, а Аталанта го искористи тоа за да го доведе без обештетување.
Во Италија Квардадо играше уште за Удинезе, Лече и Фиорентина, а две години помина и во англиски Челзи. За репрезентацијата на Колумбија одигра 116 натпревари и постигна 11 голови.